Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Новаци со лото победа, Беласица се врати на победите, бод за Слога Виница

Сподели
Сподели

Новаци го декласираше Големо Коњари со убедливи 7:0 на домашен терен, во меч каде беше постигнат најбрзиот гол по само 23 секунди за водство на домашниот тим, во меч од 10. коло на Втора лига.

По нафрлена топка кон шеснаесетникот, Антонио Марцевски успеа да ја испрати во опасната зона, а при обид да интервенира, фудбалерот на Големо Коњари Амил Табаковиќ несреќно ја смести топката во сопствената мрежа за водство на екипата на Новаци од 1:0.

До крајот на првиот дел Новаци имаше предност од 4:0 со погодоци на Љамчевски, Андоновски и Сиљанов. Во вториот дел домаќинот одигра рутински и преку погодоци на Стефан Јовановски и Иванчо Јовановски, како и автоголот на Валентин Белески стигна до убедлива победа од 7:0.

Кожуф го доживеа првиот пораз на домашен терен за вкупно два порази, откако загуби од Беласица на домашен терен со 0:2, а со тоа струмичани ставија крај на серијата порази.

Заслужни за триумфот на Беласица се Капсаров и Спиркоски кои ги постигнаа двата погодоци вредни три бода.

Шкендија Арачиново со голот на Фикрет Љиварека постигнат во 23. минута дојде до минимален триумф од 0:1 над Победа во Прилеп, па така тимот од Арачиново кој го води Љупчо Марковски – Калц е на врвот од табелата и ќе го чека вечерва расплетот на мечот меѓу Брегалница и Детонит Плачковица.

Охрид ги освои трите бодови на гостување кај тимот на Преспа во Ресен, откако славеше со 0:2 на натпревар каде популарните „рибари“ беа фаворити за трите бодови. Стрелец на двата гола беше Каланоски.

Тетекс со убедливи 3:0 го доби Осогово на Градскиот стадион во Тетово, па така „штофарите“ се вратија на победите славејќи три големи бодови заедно со своите верните „војводи“. Мисајловски даде еден, а Јамини два гола.

Конечно крај на серијата порази за Слога Виница, не е победа, но е реми откако одигра 2:2 со Вардар Неготино на „Цвај арената“. Вреден бод за тимот од Виница, кој на овој натпревар настапи со младинци, откако првотимците уште пред претходниот меч со Кожуф си заминаа од Виница.

Дејан Михајлов освои бод како предводник на Слога, со што тимот од Виница дава значи дека ќе води тешка битка за опстанок.

Гостинот прво го отвори резултатот преку Спасов, а потоа следуваа два погодоци за пресврт и водство на Вардар Неготино преку Тодоров и Лембов. Во судиското надополнување екипата на Слога Виница со голот на Октај Амедов дојде до конечните 2:2 и голем бод.

Скопје го освои целиот „плен“ на гостувањето кај Каменица Саса откако славеше со 1:2 со што „пиратите“ продолжуваат да го напаѓаат првото место. Иванов беше стрелец за домаќинот, за гостинот Ангелов и Мировски.

Колото се затвара вечерва со натпреварот во Штип меѓу Брегалница и Детонит Плачковица, следете го во живо овде.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Работнички возврати со стил: Финалето израмнето на 1-1 по триумф над Наковски Волеј во Скопје

Одбојкарките на ОК Работнички Скопје остварија исклучително важна победа во вториот натпревар од финалната плеј-оф серија, откако пред домашната публика во СЦ „Борис...

Ракомет

Од училниците до трибините: гимназијалците со силна поддршка за ГРК Охрид пред европскиот предизвик

Охрид живее за ракометот, а тоа најдобро го потврдува поддршката која пристигнува од најмладите. Учениците и професорите од ОСУ „Св. Климент Охридски“ испратија...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Радовишанецот Горан Стојанов блесна во финалето: хет-трик за историја и двојна круна на Проект

Горан Стојанов беше едно од најзвучните имиња во големото финале од Купот...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Хет-трик за Арсовски: Убедлива победа за Кратово, СЕЕ Университи однесе триумф во Липково

Убедлива победа забележа екипата на Кратово која со 8:1 го декласираше Овче...

Младински фудбалФудбал

Дисциплинска одлука: ГФК Тиквеш -3 бода и 1.000 евра поради лажни легитимации, казна и за Димитриев

Дисциплинската комисија на денешната седница донесе одлука поврзана со натпреварот меѓу ФК...

ИнтернационалциФудбал

По историскиот успех со Македонија, Игор Ангеловски е нов селектор на Таџикистан

Игор Ангеловски е новиот селектор на фудбалската репрезентација на Таџикистан, со задача...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!