Ракомет

Шампионот Еурофарм Пелистер славеше во „братскиот“ дуел против Еурофарм Пелистер 2

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Еурофарм Пелистер славеше во „братскиот“ дуел против Еурофарм Пелистер 2 со резултат 34-27, во натпреварот од осмото коло на ракометната Суперлига. Актуелниот шампион потешко го проби отпорот на младиот состав, но во вториот дел ги потврди своите амбиции и стигна до нови бодови.

По израмнетото прво полувреме, кое заврши 18-18, поискусниот тим на Рубен Гарабаја ја презеде иницијативата. На средината од вториот дел направија серија од четири голови и се одлепија на 27-23, што беше доволно за мирен финиш.

Иако настапи без неколку стандардни играчи, меѓу кои Митревски, Пешевски и Тајник, шампионот покажа стабилност и колективна сила. Шанса на голот доби младиот Мацанковски, кој се претстави во добро светло со десет одбрани. Најефикасен стрелец беше Рудолф Хакбарт со седум погодоци, а зад него се најдоа Кузмановски, Петар Атанасијевиќ и Хаџиќ со по пет.

Во редовите на Еурофарм Пелистер 2, најрасположен беше Бојан Гичев со седум гола, а добар настап имаше и голманот Младенов со 11 интервенции. Младиот состав, и покрај поразот, остави позитивен впечаток со борбената игра и мотивираниот настап.

Со овој триумф, Еурофарм Пелистер се искачи на втората позиција на табелата со 13 бодови, додека вториот битолски тим останува во долниот дел, продолжувајќи ја борбата за место во плеј-офот. Во следното коло, шампионот ќе го пречека Радовиш, а Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува кај Алкалоид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија пласман во полуфиналето. Тиверија Брера со 0:4 славеше во Драчево над...

Кошарка

КФМ бара итна оставка од претседателот на МОК, Даниел Димевски!

Кошаркарската федерација на Македонија побара итна и неотповиклива оставка од претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, поради несогласувањата околу формирањето на националната...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!