ОстанатоФудбал

Фудбалската федерација на Македонија и потпретседателот Стојкоски донираа возило на прилепската болница „Борка Талески“

Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во соработка со потпретседателот Марјан Стојкоски – Манта, донираше возило на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ во Прилеп. Оваа донација претставува значаен придонес за подобрување на условите за работа и полесна мобилност на медицинскиот персонал во секојдневното обезбедување здравствена грижа.

Од болницата изразија искрена благодарност до ФФМ и до потпретседателот Стојкоски за вредната поддршка, нагласувајќи дека ваквите гестови се доказ дека спортот и општествената одговорност одат рака под рака.

„Вашата поддршка е поттик за сите нас да продолжиме со уште поголема посветеност и грижа кон пациентите и заедницата,“ стои во благодарницата од раководството на установата.

Со овој хуман чекор, ФФМ уште еднаш потврди дека покрај спортскиот развој, активно придонесува и за општото добро во локалните заедници низ државата.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Историски предизвик за Штип УГД: Македонскиот шампион дебитира во Лигата на шампионите!

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има својот дебитантски настап во Лигата на шампионите, најелитното клупско натпреварување во...

Кошарка

Кошаркарска драма во Суперлигата: Работнички остана максимален, Кожув славеше во Штип, а Куманово со триумф во Кавадарци

Третото коло од МТЕЛ Суперлигата донесе возбудливи натпревари, драматични завршници и важни победи во борбата за позициите на табелата. Работнички го продолжи максималниот...

Поврзани написи
Останато

Историски предизвик за Штип УГД: Македонскиот шампион дебитира во Лигата на шампионите!

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД во среда (21 октомври) ќе го има...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!