Останато

Тања Стојановска стана првата жена во Македонија со највисока ИТФ тренерска лиценца за тенис

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Тања Стојановска успешно го заврши курсот и се здоби со тренерска лиценца ИТФ ниво 3, кое претставува највисокото тренерско ниво во тенисот што го издава Светската тениска федерација (ITF).

Стојановска во изминатиот период активно работеше на стекнување на ова звање, кое опфаќаше два дела – теоретски и практичен. Теоретскиот дел се реализираше онлајн, додека практичниот дел се одржа во Валенсија, каде што учесниците работеа со играчи од највисок ранг.

Курсот вклучуваше теми како планирање, биомеханика, тактика, физичка и психолошка подготовка, како и современи методи на тренинг.

Со ова, Стојановска стана петтиот тренер од Македонија со највисоко ИТФ ниво, по Чедомир Јовановски, Предраг Русевски, Димитар Лабудовиќ и Горан Шевченко, а воедно е и првата жена тренер во земјата што ја поседува оваа лиценца.

 “Најпрво би сакала искрено да им се заблагодарам на сите кои беа дел од реализацијата на овој курс. Поддршката, насоките и охрабрувањето од менторите, организаторите и останатите учесници одиграа клучна улога во тоа ова искуство да биде значајно и успешно за мене. Размената на идеи и искуства со луѓе посветени на спортот ми помогна да стекнам нови сознанија и да го проширам моето разбирање за тоа како учиме, подучуваме и напредуваме во тенисот. Овој курс имаше длабоко влијание врз мене, и професионално и лично. Се чувствувам како поефективен тренер со нови цели и визија за иднината,” – изјави Стојановска.

Проектот е реализиран со поддршка од Интернационалната олимписка солидарност, преку Македонскиот олимписки комитет и ИТФ Светската тениска федерација, во соработка со Тениската федерација на Македонија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното првенство во крос-кантри за 2026 година, во организација на Атлетската федерација...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија со одлично второ полувреме, но Романија славеше во Букурешт

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го започна настапот во претквалификациите за Евробаскетот 2029. На гостувањето во Букурешт, нашите кошаркарки загубија од...

Поврзани написи
Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!