РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски: Нема лесни противници, Казахстан на првиот меч покажа дека е квалитетен ривал

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Репрезентацијата на Македонија го остави зад себе големото реми со Белгија и веќе гледа кон новиот предизвик. Вечер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува селекцијата на Казахстан, а целта е јасна – победа и нови три бода во квалификациите.

Селекторот Благоја Милевски е оптимист и верува дека неговите избраници се подготвени за уште една силна пресметка.

„Ќе биде многу тешко. Казахстан на првиот меч во Астана покажа дека има квалитет. Сега има и нов селектор и нова филозофија, но ние сме подготвени“, изјави Милевски.

Иако зад себе имаат исцрпувачки меч во Гент, стратегот на македонскиот национален тим уверува дека физичката подготвеност на фудбалерите не е проблем.

„Имавме тежок натпревар против Белгија, но сите играчи се подготвени да го дадат максимумот“, додаде селекторот.

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!