ФудбалФутсал

Клими вечерва во Кавадарци го пречекува Проект

Сподели
Сподели

Вечерва во Кавадарци ќе биде отворено третото коло од Првата футсал лига на Македонија, со воведниот меч меѓу Клими и Проект.

Екипата на Клими на првите две кола запиша две ремија, а пак повратникот Проект има триумф и реми.

Трите бодови се императив и за двете екипи особено за гостинот кој во новата сезона сака висок пласман.

  • РЕЗУЛТАТИ НА КЛИМИ ОД ПРВО И ВТОРО КОЛО:

1 коло Бутел 2:2 Клими
2 коло Кеби Моби 4:4 Клими

Клими против Проект ќе бара прв триумф откако на првите два натпревари имаше можност за славје, но на крај мораше да се задоволи само со бод.

  • РЕЗУЛТАТИ НА ПРОЕКТ ОД ПРВО И ВТОРО КОЛО:

1 коло Црна Река 0:5 Проект
2 коло Проект 2:2 Бутел

Екипата на проект токму во Кавадарци против Црна Река однесе убедлива победа, а токму на истиот терен против Клими ќе бара второ славје, откако во второто коло на домашен терен Проект можеше да доживее и пораз од Бутел.

Натпреварот се игра во Спортскиот центар „Јасмин“ со почеток од 20 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија се собра и ги започна подготовките за мечевите со Лихтенштајн и Велс

После големата трагедија која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, репрезентативците на Македонија денес се собраа во Скопје на...

Останато

Новак Ѓоковиќ искажа сочувство за големата трагедија во Кочани

По големата трагедија која се случи во Кочани, каде што по пожарот во дискотеката животот го загубија најмалку 59 лица, најдобриот тенисер на...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Игор Ѓорѓиев најдобар стрелец во Трета лига – Исток, кои играчи може да го стигнат?

Изминатиот викенд беше отворен пролетниот дел на Трета лига – Исток со...

Трета лигаФудбал

Три екипи ќе водат неизвесна и рамноправна борба во Трета лига – Југ за баражот за Втора лига

Третата фудбалска лига – Југ ќе биде еден од неизвесните региони каде...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!