Втора женска фудбалска лигаФудбалска репрезентација

Конзули броеше до 12 погодоци за убедлива победа над Слободен

Сподели
ФОТО: ЖФК Конзули
Сподели

Вчера беше отворено петтото коло на Втората женска фудбалска лига, а кое ќе се комплетира денес со останатите два натпревари.

Апсолутниот фаворит Конзули без проблеми го декласираше во целост инфериорниот Слободен во високи 0:12.

Разликата во квалитет е огромна, а Конзули без проблеми и многу веројатно без пораз ќе биде шампион и ќе обезбеди враќање во Првата женска фудбалска лига.

Дури пет фудбалерки постигнаа по два погодоци, Мелица Милица Димитриоска, Сара Слободанка Димитриоска, Ангела Димовска, Тамара Нешковска и Марија Стојановска, а пак по еден гол постигнаа Евгенија Талевска и Емилија Петковска.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!