Втора лигаФудбал

Осогово им оддаде признание на Тренчев и Јованоски за 100 настапи во клубот

Сподели
ФОТО: ГФК Осогово
Сподели

Пред почетокот на денешниот натпревар од 8. коло на Втората лига против Беласица, Осогово од Кочани организираше мала свеченост во чест на двајца свои верни играчи – Стојанче Тренчев и Ѓорѓи Јованоски, кои неодамна стигнаа до бројката од 100 официјални настапи во жолто-синиот дрес.

Двајцата фудбалери добија врамени фотографии со бројот 100 и пригодни подароци од управата на клубот, како симбол на благодарност за нивната лојалност и придонес во тимот.

Тренчев, 21-годишниот фудбалер кој целата своја кариера ја поминува во Осогово, и голманот Јованоски, кој го има неговиот втор престој во Кочани и го брани голот на „жетварите“, се дел од најстандардните фудбалери во кочанскиот состав.

Со ова признание, Осогово уште еднаш покажа дека ги цени фудбалерите кои со срце и посветеност ги бранат боите на клубот, додека атмосферата пред дербито со Беласица беше исполнета со емоции и аплаузи од навивачите на стадионот во Кочани.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!