Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Пчиња и Кадино, Петкоски ќе дели правдата на мечот меѓу БВК Коњаре и Аеродром

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Натпреварите од шестото коло на Трета лига – Југ ќе се одиграат утре, а веќе се познати официјалните лица за истите.

Александар Ѓорѓиевски ќе им суди на Беса од Сарај и Ржаничино, а ќе му помагаат Бобан Јовановски и Александар Нешковски. Делегат ќе биде Слободан Наумовски, а контролор Илија Недески.

Дерби соочувањето меѓу БВК Коњаре и Аеродром го доби Никола Петкоски, а негови помошници ќе бидат Мартин Петкоски и Александар Ѓурковски.

Делегат ќе биде Марјанчо Андрески, а контролор Љупчо Павловиќ.

Еуромилк ГЛ како голем фаворит дома ќе игра со Лопати, а за правдата ќе бидат задолжени Методија Ставров и неговите помошници Теодора Крстевска и Анастасија Брајковска. Делегат на средбата ќе биде Горан Готиќ.

Во Слупчане каде ќе играат Беса и Башкими Љуботен правдата ќе ја дели Мартин Дувљак, а ќе му помагаат Бојан Божиноски и Кристијан Крстев. Делегат на средбата ќе биде Љупчо Доневски.

Фуркан Фетаху ќе им суди на Куманово и Отља, а негови асистенти ќе бидат Валтон Маличи и Иљаз Рамадани. Делегат на средбата која се игра во Доброшане ќе биде Зејнула Мустафи.


Дејан Младеновски ќе им суди на Пчиња и Кадино, а негови помошници ќе бидат Христијан Стојанчевски и Енес Оскакач. Енис Исмаиљи ќе биде делегат, а пак Марјан Томовски ќе биде контролор.

Студеничани и Фортуна ќе се соочат во мечот од 6. коло, а за правдата ќе биде задолжен Александар Василевски. Филип Николов и Матеј Спасевски ќе бидат помошници.

Делегат ќе биде Сашо Рајтоски, а пак контролор ќе биде Душко Наунчевски.

Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!