РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Трајковски: Да го искористиме притисокот на Белгијците и да стигнеме до поволен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонија е подготвена за вечерашното соочување со Белгија во Гент, во клучниот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026.

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски, смета дека противникот сега ќе има поголем респект кон нас.

“Белгијците сега знаат против кого играат. Сметам дека тие сега ќе имаат поголем респект кон нас. Мислам дека притисокот е врз нив. Ние секој натпревар го играме исто, се подготвуваме на ист начин. Нормално е како тече циклусот да се зголемува и притисокот, но треба да го тргнеме на страна и да одиграме како што знаеме и да обидеме да стигнеме до добар резултат”, изјави Александар Трајковски.

“Сепак, мислам дека ова ќе биде добар натпревар и дека нема да им биде лесно ниту на нив. Како што доаѓа крајот на квалификациите притисокот расте, исто е за нив и за нас. Ова ќе биде една од поважните средби која може да го реши патот во финишот на циклусот. Белгија без разлика на генерацијата, секогаш е силна, произведува добри играчи и неслучајно е таму каде што е“, заврши членот на националниот тим.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!