РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ со важно известување за билетите за натпреварот Белгија – Македонија

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави важно известување до сите навивачи кои купиле ваучери за билет за претстојниот натпревар помеѓу Белгија и Македонија, што ќе се одигра на 10 октомври во Гент.

Од ФФМ информираат дека на сите навивачи веќе им е испратен e-mail од Белгиската фудбалска федерација (RBFA) со линк преку кој треба да се направи најава (log in) и да се активираат билетите.

Според објавеното, за секој поединечен билет мора да се внесе име и презиме на лицето кое ќе присуствува на натпреварот, бидејќи без тоа влез на стадионот нема да биде возможен.

ФФМ апелира до навивачите да ги проверат своите е-поштенски сандачиња, вклучително и Spam или Promotions папките, и навреме да ја завршат активацијата на билетите, бидејќи и понатаму има релативно голем број неактивирани влезници.

Од федерацијата дополнително потсетуваат навивачите да го поддржат националниот тим фер и спортски, во духот на спортот и македонската традиција.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!