Трета лигаФудбал

Света Троица слави над Влазними и изби на врвот, голема победа за Караорман, Фатјон Леши херој на Кораб!

Сподели
Сподели

Екипата на Света Троица со 3:1 славеше над Влазними во рамки на 3. коло на Трета лига – Југозапад и со тоа охридскиот тим е на чело на табелата.

Четири погодоци беа постигнати на теренот со вештачка треба, а на крај охриѓани беа подобри од стружани.

Никола Миткоски и Леонид Џајкоски постигнаа погодоци за 2:0 на полувреме, а во вториот дел рано гол даде Денис Шадов за 2:1, па така гостинот од Струга се обидуваше да парира и да создава шанси за израмнување.

Сепак, во 86. минута од средбата во Охрид, домашниот тим преку Теодор Речкоски дојде до конечните 3:1 и со новите три бодови Света Троица е лидер на табелата.

Славеј од Мешеишта загуби на гостувањето кај Демир Хисар со резултат од 3:0, откако домашниот тим во првиот дел до некаде го реши мечот имајќи два гола предност.

Оливер Јанкуловски и Димитар Дамчевски стрелаа во првиот дел, а во финишот на мечот во 94. минута Леонид Кочовски ги постави конечните 3:0.

Велешта преку пресврт славеше домашна победа од 2:1 над Кравари. Гостинот уште во првата минута го отвори резултатот и имаше предност од 0:1, но во 16. минута Енес Истрефи постигна гол за 1:1.


До последниот судиски свиреж беше борбата за трите бодови, кога во 89. минуат Елмаз Шеи постигна гол за 2:1 и со тоа трите бодови останаа дома.

Поранешниот второлигаш Караорман забележа триумф на домашен терен од 4:2 над новиот третолигаш Могила преку пресврт.

Гостинот двапати доаѓаше до предност, но не успеа да собере бодови од Струга. Антонио Спировски постигна гол во 4. минута за 0:1, а во 26. минута Симеон Миноски погоди за 1:1. По десет минути игра Хакан Алимовски погоди за 1:2 на полувреме.


Во вториот дел Бојан Кантаровски си постигна автогол, а веќе во 49. минута Караорман имаше предност од 3:2 со голот на Ненад Балоски.

Во 78. минута од средбата покрај езерото Христијан Спироски ги постави конечните 4:2.

Фатјон Леши со два погодоци обезбеди победа за Кораб од 2:1 над Напредок од Ношпал во меч кој се играше на Градскиот стадион во Дебар, а стрелец за гостинот беше Христијан Вашеревски.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 🔼 3 2 1 0 8 5 +3 7
2 ФК ВЛАЗНИМИ 🔽 3 2 0 1 11 8 +3 6
3 ФК КАРАОРМАН 🔼 3 2 0 1 9 6 +3 6
4 ФК Могила 2023 🔽 3 1 1 1 9 6 +3 4
5 ФК КОРАБИ 🔼 3 1 1 1 5 6 -1 4
6 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта 🔽 3 1 1 1 3 5 -2 4
7 ФК КРАВАРИ 🔽 3 1 0 2 5 5 0 3
8 ФК НАПРЕДОК с.Ношпал 🔽 3 1 0 2 5 6 -1 3
9 ФК ДЕМИР ХИСАР ➖ 3 1 0 2 6 8 -2 3
10 ФК Велешта Унитед ➖ 3 1 0 2 5 11 -6 3

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Лидерот Скопје ја доби Саса, сигурни и убедливи победи Тиверија Брера и Љуботен

Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!