Останато

Игор Стефановски Иџе со јубилејна 200-та трка – трето место во Бузет!

Сподели
ФОТО: Игор Стефановски Иџе - Facebook
Сподели

Македонскиот автомобилистички ас Игор Стефановски – Иџе викендов во Бузет, Хрватска, ја возеше својата 200-та трка во кариерата, со што ја заокружи сезоната во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (EHC). Нашиот најуспешен возач успеа да стигне до третото место во група 1, со што уште еднаш потврди дека е меѓу најдобрите возачи.

На патеката во Бузет, која традиционално собира голем број љубители на автомобилизмот, Стефановски настапи со својот „Ферари 488“ и приреди возбудливо шоу. Посебна енергија доби од македонските навивачи кои пристигнаа во Хрватска за да му дадат поддршка.

По завршувањето на трката, Иџе не го криеше задоволството, упатувајќи благодарност до својот тим, спонзорите, Министерството за спорт и своето семејство за што ја добива силната поддршка.

„Оваа сезона беше навистина специфична, исполнета со многу борби, тешки трки и драгоцени искуства. Горд сум на луѓето околу мене, на мојот тим и на сите што се вклучени во овој проект. Конкуренцијата беше жестока, но Бузет секогаш ми е една од најдрагите трки. Веќе почнуваме да размислуваме за новата сезона и новиот автомобил. Најважно е што уште еднаш успеавме гордо да ја претставиме Македонија,“ изјави Стефановски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид Лихнидос влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој треба да се одиграат на 25 март 2027 година. Ждрепката посака...

Поврзани написи
Останато

Безбедноста пред сè: ФПСМ со едукативни предавања за планинарење во зимски услови низ Македонија

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ), преку својот Центар за стручно...

Останато

Одржано Националното првенство во крос-кантри 2026 во Скопје

Изминатиот викенд, на кејот на реката Вардар во Скопје, се одржа Националното...

Останато

Македонија домаќин на два квалификациски турнири за ЕП 2027 во одбојка

Одбојкарската федерација на Македонија ќе биде домаќин на два квалификациски турнири за...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!