РепрезентацијаФудбал

Димитар Данев: Италија е светска сила, но одлучни сме да направиме позитивен резултат

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Репрезентација на Македонија до 21 година вчера на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид го одработи последниот тренинг пред денешниот квалификациски натпревар против силната селекција на Италија.

Во рамките на групата Е од квалификациите за пласман на Европското првенство 2027, Македонија и Италија денес ќе ги одмерат силите на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со почеток од 18:15 часот.

Нашата селекција е во полн состав и без проблеми со повредени фудбалери го пречекува фаворитот во групата. Фудбалерот на Вардар, Димитар Данев, ги сподели своите очекувања пред големиот дуел.

„Очекувам прекрасна атмосфера, полн стадион и победа на Македонија. Кога го носиме македонскиот дрес, императивот секогаш е победа. Респект за Италија, знаеме што значи таа репрезентација за светскиот фудбал, но ние сме одлучни и денес ќе одиме на триумф. Италија е силна во организацијата на играта, треба да бидеме компактни во дефанзива и доволно брзи во нападот“.

Данев потенцира дека поразот од Полска во првото коло е веќе зад нас и дека тимот извлекол поуки.

„Грешките се препознаени, а после мечот во Краков, фокусот ни е целосно на Италија. Како и секоја екипа, така и тие имаат слабости. Ќе дадеме сè од себе да ги искористиме и во Битола да ја израдуваме Македонија, тоа би била нашата честитка за големиот празник.“

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Лидерот Скопје ја доби Саса, сигурни и убедливи победи Тиверија Брера и Љуботен

Во Пржино нема бодови – лидерот Скопје забележа победа од 2:0 над...

Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!