Трета лигаФудбал

ФК Напредок: Одново е делегиран судија кој на претходниот меч судеше на наша штета, како и во претходната сезона!

Сподели
ФОТО: ФК Напредок
Сподели

Овој викенд ќе се одиграат натпреварите од 5. коло од Третата македонска фудбалска лига – Запад, веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари, за што објави Спортска Мрежа.

Меѓутоа, поранешниот прволигаш Напредок од Кичево, преку соопштение реагира за делегираниот судија кој треба да им суди овој викенд на мечот против Речица на гостински терен.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК НАПРЕДОК:

„ФК Напредок има забелешка дека повторно е делегиран судијата Пларент Салихи кој на натпреварот со Ренова судеше на штета на ФК Напредок и ни додели осум жолт и еден црвен картон, исто така и претходната сезона оди против ФК Напредок. Се прашуваме кој и зошто игра вакви валкани игри и на кому му смета ФК Напредок. Доколку повторно се случи неспортско не фудбалско судење, тендециозно со допис ќе бараме вакво лице да не му суди на еден од најстарите и најреспектираните клубови во македонскиот фудбал“, се вели во соопштението на ФК Напредок.

Напредок има три од три на стартот од сезоната и максимален учинок, додека пак Речица има четири порази од толку натпревари и без ниту еден освоен бод е на дното од табелата.

Натпреварот меѓу Речица и Напредок се игра утре со почеток од 15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на првенствените натпревари. Стружани денеска ќе му гостуваат на Башкими во Куманово,...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем, денеска влегува во борба за историска прва победа против екипата на...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Малески: Имаме почит против Башкими, но се надеваме на победа и нови три бода

Струга Трим Лум по тринеделната пауза поради репрезентативните обврски се враќа на...

Прва лигаФудбал

Антонио Да Силва Санка: Ќе се бориме беспоштедно за трите бода против Струга Трим Лум

Екипата на Башкими, предводена од новиот шеф на стручниот штаб Муарем Муарем,...

Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

По седум одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, нема промени на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!