Втора лигаФудбал

ФФМ укина котизација за Втора МФЛ, клубовите се ослободени од 128.000 евра!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија донесе историска одлука со која се укинува котизацијата за настап во Втора македонска фудбалска лига.

За првпат по речиси 15 години, клубовите од Втората лига немаат обврска да плаќаат котизација за учество во првенството. Одлуката е донесена по иницијатива на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и претставува значаен чекор кон создавање подобри услови за работа, финансиско олеснување и унапредување на натпреварувачката конкуренција.

Со оваа мерка, клубовите се ослободени од вкупна сума од 128.000 евра за една натпреварувачка сезона, што директно ја зајакнува нивната финансиска стабилност.

Дополнително, со оглед на тоа што ФК Беса 1976 нема да учествува во сезоната 2025/26, ФФМ одлучи испразнетото место да го пополни ФК Преспа. На овој начин се обезбедува интегритетот на лигата, континуитетот на натпреварувањето и фер-плеј принципите во Втората македонска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид и Брера Струмица заврши со без победник со четири постигнати погодоци...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш во дуелот со Брегалница, додека Силекс повторно остана без победа, откако...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!