Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија доминираше над Грузија и ја оствари целта – Европско првенство 2026!

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва ја оствари својата цел и со убедлива победа над Грузија обезбеди пласман на четвртото Европско првенство по ред. Во СЦ „Борис Трајковски“, избраниците на селекторот Јошко Миленковски славеа со 3-0 во сетови (25-13, 25-16, 25-17), со што ја потврдија визата за ЕП 2026.

За пласман на шампионатот беше неопходна победа во чисти три сета и позитивна поен-разлика од најмалку седум поени – услов што нашите одбојкари го исполнија без проблем. Македонија доминираше во текот на целиот меч, беше надмоќна во сите елементи на играта и заслужено се чекира на континенталниот собир што ќе се одржи во Бугарија, Финска, Италија и Романија.

Ова ќе биде четврто учество на Македонија на европските шампионати. Во 2019 година завршивме на 17. место, во 2021 на 23. позиција, а во 2023 – кога бевме еден од домаќините – на 16. место. Целта за претстојното првенство е јасна: пласман во втората фаза, што би претставувало историски успех и круна на генерацијата.

Македонија патува на ЕП 2026 како една од петте најдобри второпласирани селекции во квалификациите.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Алиоски се враќа, со Дориев и Елмас против Швајцарија!

Македонија вечерва во Луцерн ја очекува четвртиот натпревар во Лигата на нации,...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонската репрезетнација до 18 години со победа над Црна Гора

Младата репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 1:0 против...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!