Прва лигаФудбал

ФОТО: Силекс со „петарда“ ја прегази Брера на стартот на сезоната

Сподели
Сподели

Силекс со стил ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи ја Брера Струмица со убедливи 5-0 во Кратово. Мечот понуди две различни полувремиња за вицепрвакот – прво бледо и без голови, второ ефикасно и разорно за гостите.

Клучниот момент се случи во 28. минута, кога новото засилување на Брера, Никола Величковски, доби директен црвен картон по опасен старт врз стоперот Ѓорѓе Џеков. Покрај тоа, гостите останаа и без повредениот Брам, што дополнително им ја отежна задачата.

Силекс го искористи играчот повеќе и експлодираше во вториот дел. Само две минути по продолжението, по центаршут на Рајков, Мигел Фереира Пирес со удар со глава го отвори резултатот. Во 53. минута, Кристијан Ефтимов со брилијантна соло акција ја зголеми предноста на 2-0, а четири минути подоцна, Илија Донов погоди за високи 3-0.

Во завршницата, домаќините продолжија со ефикасната игра. Во 85. минута, Кристијан Велиновски со лоб го совлада голманот Вргов, а конечните 5-0 беа поставени по автогол на еден од дефанзивците на Брера, по удар на Пирес.

Со оваа убедлива победа, Силекс испрати јасна порака дека и оваа сезона има големи амбиции, додека Брера ќе мора брзо да се консолидира ако сака да избегне нови вакви резултати.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Кавадарчани убедливи – Тиквеш со сигурен триумф над Бутел Скопје

Екипата на Тиквеш стигна до сигурна победа над Бутел Скопје со резултат 25-20 во натпреварот од второто коло од суперлигашкиот плеј-оф. Кавадарчани ја...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!