Останато

Македонската тениска репрезентација до 18 години настапува на „Tennis Europe Summer Cups“ во Карловац

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младата тениска репрезентација на Македонија до 18 години го започнува настапот на престижниот европски турнир „Tennis Europe Summer Cups“, кој оваа недела се одржува во Карловац, Хрватска.

Македонскиот национален тим, предводен од селекторот Круно Деспотовски, настапува во состав: Амар Хусеиновиќ, Кристијан Јанев и Ерион Незири. По кратките подготовки, нашите млади тенисери се подготвени да се соочат со најдобрите селекции од Европа.

Во зоната во која се натпреварува Македонија, се наоѓаат уште и репрезентациите на Финска, Грција, Италија, Србија, Шведска и домаќинот Хрватска.

Во првото коло, Македонија ќе се соочи со селекцијата на Грција. Во сингл мечевите ќе настапат Кристијан Јанев и Ерион Незири, додека во мечот во двојки ќе играат Јанев и Хусеиновиќ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД. Шампионот на Македонија утре во Тетово ќе го одигра Суперкупот, со...

ФудбалФутсал

Никола Анчевски се врати дома: Анче повторно во дресот на шампионот Проект

Шампионот Проект во еден ден претстави три нови засилувања, по промоциите на Андреј Коцевски и Кирил Неделков, тимот од Јосифово го претстави повратникот...

Поврзани написи
Останато

Штип УГД тргнува по нов трофеј: Суперкупот е првата станица кон одбрана на двојната круна

Нова сезона, нови предизвици и нова можност за трофеј за Штип УГД....

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со...

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен...

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!