Втора лигаФудбал

Ланскиот прволигаш Беса од Добри Дол се откажува од натпреварување!?

Сподели
ФОТО: KF BESA Dobërdoll 1976
Сподели

Екипата на Беса од Добри Дол која лани испадна од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) нема да продолжи со натпреварување во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) дознава Спортска Мрежа.

Клубот кој го загуби баражот во Кавадарци од Башкими и испадна во Втора лига, првично на официјалната фејсбук страница информираше дека спонзорот си заминал од клубот и дека нема да продолжи со натпреварување, со што во таков случај немаше да има ждрепка од поразените третолигаши во баражот, туку влез требаше да има за сите.

Но, дојде промена на одлуката дека Беса сепак ќе игра во Втора лига, за потоа да биде одржана ждрепката за поразените третолигаши од баражот во ФФМ, а каде Големо Коњари и Осогово имаа среќа во ждрепката, а Преспа од Ресен извиси и остана во Трета лига – Југ.

Доколку се потврди дека Беса нема да игра во Втора лига, тогаш ќе значи дека една екипа ќе биде слободна, односно ќе играат 15 наместо 16 екипи, но се отвара прашање дали оваа место би се пополнило со други екипа во случајот тоа да биде Преспа.

Наскоро ќе имаме одговор на оваа прашање и ќе објавиме ексклузивно за брзо.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!