Втора лигаФудбал

Капитално засилување за Кожуф – Благоја Спиркоски доаѓа во Гевгелија

Сподели
Сподели

Второлигашот Кожуф договори капитално засилување за новата сезона – во Гевгелија доаѓа искусниот Благоја Спиркоски од прволигашот Тиквеш.

Се работи за искусен дефанзивен играч од средниот ред со екстра квалитет со што значително се подигра квалитетот во тимот на стратегот Иван Варадоновски.

29-годишниот Спиркоски покрај за Тиквеш настапуваше и за Гостивар, Силекс, Шкупи, Пелистер, Македонија ЃП, Победа, Еуромилк ГЛ, 11-ти Октомври и Хоризонт Турново.

Варадиновски склопи одличен тим, откако претходно беа претставени стоперите Дарко Стојанов, Христијан Бејков и Бојан Ивчески, потоа дефанзивниот играч за врска Ники Зумровски и напаѓачот Албан Мемеди.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!