ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност го доби Гоце Делчев, Бујковци тргна убедливо во новата сезона во ОФЛ Гази Баба

Сподели
Сподели

Изминатиот викенд започна новата сезона од Општинската фудбалска лига во Гази Баба или Четврта лига каде екипата на Бујковци тргна со убедлива победа од 8:1 над Ускуп на домашен терен.

Оваа беше највисоката победа во првото воведно коло, а до овој висок триумф Бујковци стигна преку четири погодоци на Станковиќ, двата гола на Аземи, еден гол постигна Трајковски, а пак Муслиов си постигна автогол, за гостинот единствен стрелец беше Амит, кој стралеше во 81. минута.

Маџари Солидарност на домашен терен со 2:1 го доби дуелот против Гоце Делчев преку пресврт. Гостинот преку Алексов во 27. минута дојде до 0:1, а пак Крстевски во 32. минута израмни на 1:1 на полуреме. Во вториот дел Стојчевски постигна гол во 69. минута за пресврт и триумф од 2:1 за домаќинот.

Мечот меѓу Дељадровци и Долно Коњари заврши без погодоци (0:0) за реми и поделба на бодовите.

Миладиновци и Инџиково ги поделија бодовите откако двете екипи одиграа реми со четири погодоци за конечни 2:2.

Илчо Мојсоски во 23. минута погоди за 0:1 на полувреме за гостинот. Во вторио дел Борче Бојковски во 61. минута постигна гол за 1:1, а пак Мартин Спасовски во 64. минута одново го донесе Инџиково во водство од 1:2.

Во 74. минута од мечот Мојсоски си постигна автогол, а со тоа конечните исход беше 2:2 и поделба на бодовите.

Екс третолигашот Илинден на домашен терен доживеа висок пораз од 0:4 од екипата на Марино,во меч каде Фејзула беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Богдановиќ и Симоновски.

Во првата рунда одмараше ланскиот третолигаш Петровец, кој требаше да игра со екипата на Скопско Поле која се откажа од натпреварување пред стартот на сезоната.

Веќе утре ќе се одиграат натпреварите од второто коло. Марино на домашен терен ќе игра со Инџиково, Ускуп со Миладиновци, Долно Коњари ќе биде домаќин на Бујковци. Екипата на Гоце Делчев ќе игра со Дењадровци, а пак Петровец ќе се соочи со Маџари Солидарност. Во второто коло екипата на Илинден ќе биде слободна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот...

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!