Втора лигаФудбал

Лука Трајкоски замина од Детонит Плачковица

Сподели
Сподели

Лука Трајкоски ќе има нов клуб во својата кариерата откако се раздели со Детонит Плачковица од Радовиш.

25-годишниот прилепчанец во Радовиш пристигна во февруари 2024 година, но реши да менува и да бара нова средина. Левото криво во Детонит Плачковица дојде од Вардар, претходно беше дел од Победа, Борец, Тиквеш и Македонија ЃП.

Негов матичен клуб е прилепска Победа од каде ја започна својата кариера. Минатата сезона во дресот на радовишкиот второлигаш постигна четири погодоци.

На адресата на Трајкоски пристигнаа неколку понуди, па тој ќе треба да ја одбере најдобрата понуда за продолжува на својата кариера.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Вардар

Следете го во ЖИВО големото ракометно дерби во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Топ Гол го „тресна“ Кочани и го „заковаа“ на дното во дербито за опстанок

Трите бодови останаа во Битола – Топ Гол ја доби дерби пресметката за опстанок со Кочани, откако славеше пред својата публика со 2:1...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Реми на Вардар Брвеница, лидерот Камјани и Влазерими со убедливи победи

Лидерот Камјани забележа сигурена и убедлива победа од 0:3 над Доброшти во...

Трета лигаФудбал

Малеш во 92. минута се спаси од пораз во Дојран откако ремизираше со Дојранско Езеро

Со четири погодоци и без победник заврши натпреварот во Дојран меѓу Дојранско...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!