ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Силекс со триумф се прости од Европа, Работнички одново пораз и заврши со европското лето!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Силекс - Дечиќ
Сподели

Македонските претставници Силекс и Работнички го завршија својот настап во Европа уште во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Кратовчани одиграа борбен реванш против црногорскиот Дечиќ на теренот „Петар Милошевски“ и славеа со 2-1, но победата се покажа како пирова.

Поради поразот од 2-0 на првиот дуел во Тузи, тимот на Силекс не успеа да се избори за пласман во следната рунда. Иако имаа теренска иницијатива и го контролираа натпреварот, фудбалерите на Силекс не успеаја да постигнат доволно голови за целосен пресврт.

ФОТО: Спортска Мрежа

По само три минути Стриковиќ го отвори резултатот за водство на гостинот од Црна Гора, а во 28. минута Алиќ погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Хрвановиќ погоди за конечни 2:1 во 80. минута, а тоа не беше доволно Силекс да го продолжи европското лето.

Работнички, пак, ја заврши својата европска авантура по двомечот со белорускиот Торпедо Белаз. По поразот од 3-0 во првиот натпревар, „романтичарите“ загубија и на реваншот во Скопје со 0-1. Единствениот гол на „Тодор Проески Арена“ го постигна Стивен Алфред во 14. минута со што практично ги уништи сите надежи на дебармаалци за евентуален камбек. Белорускиот тим беше подобар и физички подготвен во двата натпревари и сосема заслужено го обезбеди пласманот во второто квалификациско коло.

ФОТО: Спортска Мрежа | Силекс – Дечиќ

Работнички се врати во европските натпреварувања по пауза од седум години, но неговата европска одисеја ова лето траеше кратко.

Сега, фокусот на „романтичарите“ и на тимот од Кратово ќе биде кон подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, која стартува на 8 август.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!