Продолжуваат заминувањата од Брегалница, еден по еден го напуштаат штипскиот второлигаш.
Ново заминување е Иљаз Чиљафи кој кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако минатата сезона настапуваше за штипскиот второлигаш.
27-годишниот лев бек покрај за Брегалница низ својата кариера беше дел од Брера Струмица, Детонит Плачковица, Воска Спорт, Беса, Тетекс, Гостивар, Шкендија, Гостивар, Струга Трим Лум, Работнички и Вардар од каде и започнува со својата кариера.
Чиљафи во сезона 2017/2018 ја освои шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига со екипата на Шкендија од Тетово.
За Чиљафи има интерес од неколку екипи, тој веќе е на ставен на радар, а сега останува искусниот фудбалер да ја избере најдобрата понуда каде би ја продолжил својата кариера.