Ракомет

Женскиот ракомет добива нов формат – две лиги од сезоната 2025/26

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Женскиот ракомет во Македонија ќе влезе во нова ера – Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука од следната сезона (2025/26) натпреварувањата да се одвиваат во две лиги: Супер женска лига и Прва женска лига.

Со оваа реорганизација, се очекува да се подигне квалитетот на женскиот ракомет, да се создаде поконкурентна средина и да се овозможи подобро функционирање на клубовите во двете натпреварувачки рангови.

Во Суперлигата, која останува елитно натпреварување, ќе настапуваат осум екипи односно Ѓорче Петров (актуелен шампион и освојувач на двојната круна), Металург Автокоманда, Чаир, Куманово, Вардар, Астибо, Спартак и Пелистер.

Новоформираната Прва женска лига ќе брои седум екипи, и тоа Деспина, Овче Поле Славјански Универзитет, Ѓорче Петров 2 Стружанка, Шампион, Атлетик и Јехона.

Двата натпреварувачки ранга ќе се играат по двокружен бод-систем, а дополнително ќе бидат дефинирани пропозициите, системот на натпреварување, бројот на испаѓања и евентуални баражи.

Ждрепката за натпреварувачките броеви и дефинирањето на календарите ќе бидат закажани од страна на РФМ.

Оваа реформа е важен чекор за развој на женскиот ракомет во Македонија, а сите очекувања се дека ќе донесе поголема конкурентност и ќе отвори простор за развој на младите ракометарки.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У19 не успеа против Швајцарија, фокусот сега е кон Малта

Во вториот натпревар од квалификацискиот турнир во Б-лигата, репрезентацијата на Македонија загуби од Швајцарија со минимални 1:0. Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа...

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!