Ракомет

Петров: Против Тиквеш не очекува меч, со поддршка од публиката одиме на победа!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

В недела ракометниот клуб Радовиш на домашен терен ќе се соочи Тиквеш во рамки на 6. рунда, меч каде домашниот тим ќе го бара првиот позитивен резултат односно прв сезонски триумф, а пак гостинот од Кавадарци во СРЦ „25 Мај“ доаѓа по второ сезонско славје и ќе бара излез од резултатската криза, бидејќи Тиквеш не тргна според посакуваното.

Ракометарот на Радовиш, Васе Петров, во изјава за Спортска Мрежа го најави мечот со кратка анализа, кој вели дека иако Тиквеш е во резултатска криза, тие и понатаму се претенденти за место во плеј-оф, па дури и за место во Европа, но со поддршка од публиката и верната навивачка група „Лебари“ Петров се надева на позитивен резултат, ако како што вели во изјавата за Спортска Мрежа, доколку одиграа цврста одбрана, а во нападот ги искористат своите шанси вели дека има на што да се надеваат.

  • ИЗЈАВА НА ВАСЕ ПЕТРОВ ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ПРЕД МЕЧОТ СО ТИКВЕШ ВО РАДОВИШ:

Пред стартот на овој меч Радовиш по пет кола е без бодови и е на дното од табелата, а пак Тиквеш има три бодови. Мечот во СРЦ „25 Мај“ ќе го судат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје, а пак делегат на натпреварот ќе биде Владимир Саздовски, исто така од Скопје. Стартот е закажан за во 18 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!