Прва лигаФудбал

Ристе Јанков – ново засилување на Македонија ЃП

Сподели
ФОТО: Македонија ЃП
Сподели

Македонија Ѓорче Петров продолжува активно да го оформува ростерот за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а четврто официјално засилување за „лавовите“ е македонскиот голман Ристе Јанков.

Јанков доаѓа како слободен играч по истекот на договорот со Шкендија, каде што ја мина пролетната полусезона и заедно со тетовскиот клуб се закити со шампионската титула. Претходно, во есенскиот дел од минатата сезона настапуваше за Тиквеш, па така во целата сезона запиша вкупно 16 официјални натпревари, од кои 12 во ПМФЛ и 4 во Купот на Македонија.

Јанков има 26 години и претставува голман со значително искуство во домашниот фудбал. Својата професионална кариера ја започна во Работнички, а потоа настапуваше и за Локомотива, Брегалница и Тиквеш, додека на интернационално ниво беше дел од казахстански Каспиј и романска Политехника.

Во новата сезона ќе конкурира за место меѓу стативите во конкуренција со Андреја Ефремов и младиот Давид Стојановиќ, а неговото искуство би можело да биде голема придобивка за повратникот во елитата.

Македонија ЃП ова лето веќе ги промовираше Мухамед Елмас, Мартин Талаков и Дарко Глишиќ, а се очекуваат уште неколку нови имиња во пресрет на амбициозна сезона во македонската фудбалска елита.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!