Саботната вечер на турнирот „Петровден 2025“ донесе нова порција фудбалски возбудувања и клучни резултати кои го обликуваат крајниот распоред на групите. Играше и времето и теренот – публиката уште еднаш дојде во голем број да проследи динамични и борбени натпревари.
Брумел доби службени 3:0 против Зурли и Тапани Вевчани. Во дербито на вечерта, Топлина беше поуспешна од домаќинот Мешеишта со 1:2. Сатеска со сигурна и моќна игра ја совлада Компани Стојкоски со 2:5. Аце Најдески продолжи со одличните игри и ја победи Доел Ноче со 0:3
Секој меч носи нови приказни, а многу од групите веќе имаат јасни патници за следната фаза – додека некои дуели доправа ќе ги дадат последните патници во елиминациите.
- Распоред за недела, 29 јуни:
20:00 | Петровден Мешеишта – Кампинг Љубаништа
21:00 | БЗ Груп Струга – Гостилница Кај Мече
22:00 | Македонија – Мексико
23:00 | Фурна Настоски и Форт Кафе – Ночелино

Ова е последниот ден од групната фаза – вечерва ќе бидат познати сите четвртфиналисти! Очекувајте уште една незаборавна вечер под рефлектори, со пресметки за престиж и влез во завршницата.

Спортска Мрежа останува со вас – секој резултат, секоја фотографија и атмосфера – директно од теренот во Мешеишта!