Европски ФудбалФудбал

Ѕвездата во Серија А осудена на три и пол години затвор!

Некогаш ги бранеше боите на Јувентус, Фиорентина и Бенфика, а култен статус стекна играјќи за Палермо. Тој се пензионираше пред шест години и сега е осуден на затворска казна.

Повеќето љубители на фудбалот беа запознаени со фудбалските квалитети на Фабрицио Миколи, кој беше многу вешт напаѓач.

Истиот Миколи во вторникот беше осуден на три години и шест месеци затвор. Според одлуката на судот, Миколи извршил присилна изнуда на пари со помош на шефот на мафијата во Палермо, Мауро Лаучирело кој веќе е осуден на седум години затворска казна.

Иако Фабрицио најави дека ќе се жали, „Газета дело Спорт“ наведува дека неговата затворска казна е неизбежна!

Целата приказна започна пред речиси десет години кога Миколи со насилство и закани се обиде да изнуди 12.000 евра од газда на ноќен клуб. Притоа користел мафијашки методи.

Миколи на судењето изјави дека се кае за криминалните дела велејќи во своја одбрана дека не знаел оти неговиот пријател Лауричело е мафијаш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!