Зошто распали по ФФМ – Интервју со Горан Пандев кој бара да се слушне гласот на клубовите!

Сопственикот на ФК Академија Пандев и капитен на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев кој вчера излезе со силни критики кон ФФМ, денеска појасни зошто ,,удри’’ по структурите на Федерацијата.
Излеговте со статус со кој ја критикувавте ФММ на што се должи тој статус ? Која беше причината ?
Пандев: Ја кажав само вистината како стојат работите во мак фудбалот. Ова не е само од последниот натпревар што се одигра во саботата, туку тоа е и од минатото првенство. Знаеме дека првенството беше прекинато заради пандемијата а имаше уште неколку кола да се доиграт и никој не превзеде одговорност а клубовите потрошија. Јас зборувам за нашиот клуб. Потрошивме куп пари а на средината од првенството се прекина а бевме и во полуфиналето од Купот. Но никој не превзеде одговорност. Видовме кои екипи излегоа во Европа и се заташка работата. Помош нула. Сега во вакви услови дозволија да се игра натпревар а се знаеше какви ќе бидат временските услови за време на викендот во Македонија уште пред 5-6 дена. Некој си таму делегат и некои луѓе кажале дека теренот е добар и имало одлични услови за игра и можело да се игра. Добро е што немаше повредени . Не сум против претседателот на ФФМ но треба да се чукнат во глава да размислат како го водат нашиот македонски фудбал бидејки нашиот фудбал така не може да продолжи….
Академија Пандев побара ли одложување на саботниот меч заради снегот и замрзнатиот терен ?
Пандев: Да побара и гостинската екипа се согласила да не се игра, но очигледно на делегатот му беше поважна дневницата. Можеби се плашеше дека немаше да му се платеше дневница ако го откажеше напштреварот. Луѓе дајте Ве молам ….Беше срамно….Излезе и во италијанските медиуми на каков терен се игра фдубал во Македонија….Не е битен резултатот или како заврши натпреварот. Најсреќен сум што немаше повредени, бидејки срамно е што мечот се одигра.
Спомнавте во статусот дека ако не се слушне гласот на клубовите ,,дали треба да се повлечам’’
Пандев: Секаде во светот одлучуваат клубовите. Неможе некој луѓе да даваат пари па да дојде Трајко, Петко и некој друг да одлучуваат за клубовите. Мислам редно време е клубовите да ја превземат одговорноста и јавно да кажат дека тие треба да ја водат македонската лига, оти тие се сопственици на клубовите, дават пари и мислам не треба да се молчи, треба да се излезе јавно и да се кажат како стојат работите во Федерацијата. Очигледно на некои им одговара така како што стојат работите, имаат загарантирано место во Европа. Се знае кој ќе испадне а кој ќе влезе и така со години си го терат мак- фудбалот. Секоја чест за репрезентацијата и условите, но зборам за клупскиот фудбал за Прва лига и редно време е веќе клубовите да ја превземат одговорноста и јасно да кажат дека вака не може да продолжат да се натпреваруваат во нашата аматерска лига бидејки ја водат луѓе аматери од Федерацијата.
Според Пандев што треба да се направи ?
Пандев: Треба претседателот да ги повика сите клубови прволигаши и второлиши и да им ги остави лигите да ги водат членовите на истите. Не може некои луѓе таму да одлучуваат за Академија Пандев, за Вардар, за Шкендија, за Шкупи, за луѓето кои дават пари од сопствен џеб. Па како ќе ги натераме спонзорите да дојдат и дадат пари ако однпаред се знае како ќе биде во нашата лига ?
Можно ли е Пандев да се откаже од финансирање на клубот ?
Целото интервју прочитајте го на ДРНКА.мк.