ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

Зошто капитенот на Осогово Стојанче Велинов не се радуваше по постигнатиот еврогол против Росоман ?

Осогово денес запиша убедлива победа од 4:1 над Росоман, во натпревар од 19. коло од Втората лига – Исток.

Стрелец на првиот аткративен гол од слободен удар беше капитенот на Осогово Стојанче Велинов, кој не се радуваше на постигнатиот гол. После натпреварот Велинов даде изјава зошто не се радувал на постигнатиот гол.

„Моја работа е да постигнувам голови. Сте виделе ли некаде поштарот да се радува кога ќе достави писмо“, вели Велинов

Осогово е во позитивна серија на резултати и го напаѓа третото место на табелата во Втората лига – Исток.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!