ФудбалФудбал - Прва женска лига

Златковски: На спортски план 2020 за ЖФК Каменица Саса е перфектна, ќе има уште едно репрезентативно засилување, атакуваме на титула!

Актуелниот женски фудбалски шампион Каменица Саса одигра фантастична есен и заврши како есенски шампион во тековната сезона. Клубот од Македонска Каменица собра 39 бодови и има 4 бода предност во однос на второпласираната Тиверија од Струмица. Спортска Мрежа направи интервју со шефот на стручниот штаб на актуелниот женски шампион, Зоран Златковски каде разговаравме за есенскиот дел, засилувањата и предизвиците за пролетниот дел од сезоната

ЖФК Каменица Саса како актуелен шампион одигра одлична есен во Првата женска фудбалска лига и заврши на првото место на табелата – есенски шампион. Како тренер колку сте задоволни од прикажата игра и остварените резултати ?

„За нас во спортски план по постигнатото 2020 е перфектна, секако дека може да се подобруваме во секој еден аспект како тим и клуб, но можам да кажам дека сум задоволен“, вели младиот тренер.

Во пролетниот дел ќе има голема борба за првата позиција и шампионската титула, како гледате на пролетниот дел од сезоната и кои се вашите очекувања ?

„Не очекува интересна пролет, иако сме во добра позиција за нова титула, сепак и другите екипи работат напорно и имаат квалитетни тимови и иста цел како нас. Но, сепак, конкуренцијата само ќе не подобри и ќе направи да даваме максимум за да ја постигнаме целта – шампиони“, рече Златковски.

Кои екипи ги сметате како најголеми конкуренти за титулата ?

„Сите екипи до петтото место на табелата имаат квалитет и се способни до крајот на сезоната да стигнат до титулата, но, сепак второпласираната Тиверија е наблиску до нас, па така според нас тие се најголем конкурент“, ни изјави стратегот на ЖФК Каменица Саса.

ЖФК Каменица Саса покрај тоа што ги потпиша сите фудбалерки и ги задржа, донесе и репрезентативно засилувања – Драгана Костова, дали клубот размислува и за други засилувања и на кои позиции ? Дали имате преговори ?

„Така е, сите фудбалерки во сениорската екипа се со потпишани договори, Драгана е веќе со нас и сум сигурен дека ќе ни помогне многу за постигнување на нашите цели. Со отварањето на трансфер периодот на 15 јануари ќе промовираме уште една репрезентативка со што нашата екипа ќе биде комплетна и спремна за добри подготовки“, ни изјави Златковски.

Кога ЖФК Каменица Саса ги започнува подготовките за пролетниот дел од сезоната и каде воглавно ќе се подготвува ? Дали се во план пријателски натпревари ?

„Подготовките ќе ги започене на 11 јануари (понеделник), целиот подготвителен период ќе го спроведуваме во Македонска Каменица затоа штоа имаме обезбебедно и на располагање перфектни услови, главен и помошен терен, теретана, сала… Се надеваме ситуацијата со Ковид-19 да се подобрува секој ден и да ни дозволи одигрување на 4 до 5 пријателски натпревар пред првенствените натпревари“, вели Златковски и додава:

„На сите подржувачи и сограѓани им посакуваме среќни и весели празници.“

Еден од поискусните тренери во Првата женска фудбалска лига, Зоран Златковски доби УЕФА А лиценца

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!