РакометРакомет - Суперлига
Златко Везенкоски нов ракометар на Прилеп

Ракометниот клуб Прилеп денес се засили со искусниот Златко Везенковски. После Александар Тренчевски, Прилеп добива уште еден искусен ракометар во својот состав.
Станува збор за искусен среден бек кој доаѓа од екипата на Радовиш, има настапувано за екипите на Пелистер, Зомимак Струмица и Охрид.
Без сомнение Везенкоски ќе биде големо засилување за младиот тим на Прилеп и ќе го надополни местото кое своевремено го имаше Филип Чурлевски.