Европски ФудбалФудбал

Златан проговори за ситуацијата со Донарума: Тој можеше да стане во Милан, како Малдини

Најголемата ѕвезда на Милан, Златан Ибрахимовиќ, проговори за ситуацијата поврзана со голманот Џанлуиџи Донарума.

Репрезентативниот голман на Италија го напушта Милан откако не беше постигнат договор за продолжување на соработката. Донарума и менаџерот Мино Раиола одбија осум милиони евра, а потоа Паоло Малдини веднаш најде нов голман и рече дека повеќе нема да преговара со Донарума.

Ибрахимовиќ жали за младиот голман, кој не можеше да избега од прашањето поврзано со Донарума.

“Многу ми е жал. Тој израсна во Милан и можеше да биде голман на клубот за 20 години. Тој е најдобар во светот. Тој можеше да стане господин Милан, исто како Паоло Малдини“, рече Златан.

Инаку, Милан веќе го доведе Мајк Мењан од Лил, кој ќе биде прв голман, а наводно Раиола решил повторно да влезе во преговори со „росонерите“, но Малдини одбил.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!