Европски ФудбалФудбал

Златан Ибрахимовиќ откри кој играч би сакал да го види во дресот на Милан

Во разговор за италијанските медиуми, Златан Ибрахимовиќ, ѕвездата на Милан, откри кој играч би сакал да го види во дресот на Милан.

“Би бил многу среќен ако Оливие Жиру дојде кај нас. Во Милан ни треба токму таков играч, тој е роден победник. Немаме многу играчи кои освоија трофеи и затоа е добредојден”, рече Ибрахимовиќ.

Иако се шпекулираше дека Жиру ќе ја продолжи кариерата во Италија, сепак тој го продолжи договорот со Челзи и следната сезона ќе игра во Премиер лигата.

Да потсетиме, Жиру постигна само 39 погодоци за три години во Челзи, но поголемиот дел од времето го мина на клупата, а оваа сезона, која заврши неодамна, постигна 11 погодоци.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!