ФудбалФудбал - Прва женска лига

ЖФК Тиверија со победа над ЖФК Борец ги започна пријателските натпревари

ЖФК Тиверија од Струмица денес го одигра првиот пријателски натпревар во подготовките за пролетната полусезона од Првата женска фудбалска лига против ЖФК Борец на Градскиот стадион во Велес. Струмичките фудбалерки беа подобри и со 1:3 запишаа победа над велешанките.

Димоска со два погодоци беше најдобар стрелец на натпреварот, а ЖФК Борец си постигна и еден автогол. Единствениот гол за ЖФК Борец го постигна Џенита. Воедно, денешниот пријателски натпревар беше прв и за велешката екипа.

Овој натпревар беше деби натпревар во сениорска конкуренција за Василева Васка и Галабовска Теона од ЖФК Тиверија.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!