ЖФК Тиверија го декласираше ЖФК Кочани, ЖФК Деспина Прилеп го елиминираше ЖФК Скопје

Денес се одиграа натпреварите од осминафиналето од женскиот фудбалски Куп на Македонија.
Најубедливата победа беше запишана во Струмица, каде екипата на ЖФК Тиверија со 10:0 го декласираше ЖФК Кочани. Првиот гол падна во 8. минута, а стрелец на истиот беше Димоска Теодора. Во 16. и 18. минута Панеска Билјана постигна два погодоци за 3:0. Во 35. минута Панеска постигна трет гол на натпреварот за 4:0, а четири минути подоцна Николовска Теодора стрелаше за 5:0 на полувреме. Во вториот дел ЖФК Тиверија продолжи со одличната игра. Во 60. минута Панеска постигна четврти гол за 6:0, а четири минути подоцна Јосифова Ива постигна гол за 7:0. Во игра влезе и Михајлова Ања која погоди за 8:0 во 66. минута, а во 70. минута стрелаше Василева Васка за 9:0. Конечните 10:0 ги постави Николова Ивана со гол постигнат во 78. минута.
ЖФК Деспина Прилеп со голема победа од 2:4 го елимираше ЖФК Скопје во Пржино. Одлична игра на фудбалерките од Прилеп кој патуваат во четвртфиналето. Резултатот беше отворен во 7. минута со гол на Стојковска Ангела за водство на гостите од 0:1. Во 27. минута Марковска Александра донесе израмнување за 1:1 на полувреме. Во вториот дел мрежите мируваа се до 73. минута кога гостинот од Прилеп со гол на капитенката Милеска Катерина дојде до ново водство до 2:4, а три минути домаќинот преку нов гол на Марковска Александра израмни на 2:2. Борбата и притисокот продолжи, па во 80. минута Велинова Миа стресе мрежата на противникот за 2:3. Десет минути подоцна Бошкоска Елена погоди за конечните 2:4 и голема победа на екипата од Прилеп.
Голема победа за ЖФК Шкендија која во тетовското дерби ја елиминираше екипата на ЖФК Љуботен со 2:4. Први до водство дојдоа гостите со гол на Лимани Икмете во 18. минута, а четири минути подоцна Емини Медина погоди за 0:2. Во 28. минута Белистојаноска Марија намали на 1:2. Пет минути пред крајот на првиот дел Шерифе Енџи зголеми на 1:3 за ЖФК Шкендија. Во вториот дел одличната игра на гостите продолжи, па Мустафа Хава погоди за 1:4. Пред крајот на натпреварот босанското засилување Муратовиќ Сенада ги постави конечните 2:4.
ЖФК Топ Гол со победа од 2:1 над ЖФК Речица обезбеди четвртфинале од Купот. Резултат беше отворен во 23. минута со гол на Бумбароска Теодора за водство на домаќинот од 1:0. Пред крајот на првиот дел Николовска Анастасија погоди за 1:1 на полувреме. Во вториот дел борба и незвеност до самиот крај, кога Петровска Теодора погоди за ново водство на домаќинот и конечни 2:1.
ЖФК АС Јунајтед со голема победа од 5:1 го елиминираше ЖФК Борец на домашен терен. Резултат го отворија гостите со гол на Шемсовиќ Елма во 25. минута. По шест минути игра домаќинот со гол на Адили Арлинда израмни на 1:1. Во 39. минута Максути Улза донесе водство за ЖФК АС Јунајтед од 2:1 на полувреме. Во вториот дел домаќинот беше убедлив. Во 51. минута Рубаноска Александра погоди за 3:1, потоа Далческа Теодора за 4:1 во 70. минута, а конечните 5:1 ги постави Максути Улзда во 89. минута со втор гол.
ЖФК Атлетико со победа од 3:0 ја елиминираше ЖФК Плачковица од Радовиш. Во првиот дел мрежите и на двете страни мируваа. Во второто полувреме во 53. минута беше досуден пенал за домаќинот, а Цапевска Надица успешно го реализираше за 1:0. Во 64. минута ЖФК Атлетико доби нов пенал, а овој пат Павловска Јована реализираше успено за 2:0. Конечните 3:0 ги постави Велјановска Кристина во 76. минута.
ЖФК Каменица Саса со убедлива победа од 1:7 во Бутел го елимираше ЖФК Шкупи и обезбеди четвртфинале во Купот. Првиот гол падна во 30. минута кога Николовска Павлинка погоди за 0:1, а четири минути подоцна косовската интернационалка Вехапи Рита донесе израмнување на 1:1. Гостите од Македонска Каменица брзо го вратија водството, откако во 38. минута Драгана Костова постигна гол за 1:2 на полувреме. Во вториот дел ЖФК Каменица Саса беше убедлива. Во 50. минута Димитровска Ана погоди за 1:3, осум минути подоцна Николовска Павлинка постигна нов гол за 1:4. Во 60. минута Нацева Марјана беше прецизна за 1:5. Во 84. минута Дервиши Рабија постигна гол за 1:6, а убедливата победа ја потврди Нацева Марјана со нов гол во 88. минута.