ФудбалФудбал - Прва женска лига

ЖФК Тиверија го „бомбардираше“ ЖФК Топ Гол со ДЕСЕТ гола на втората контролка

ЖФК Тиверија Струмица на вториот контролен натпревар запиша убедлива победа, откако на теренот со вештачка трева „Филип Лазаревски“ во Струмица со 10:0 го „бомбардираше“ ЖФК Топ Гол.

Најдобар стрелец беше Димоска која постигна три гола, Николовска постигна два гола, а по еден гол постигнаа Панеска, Велкова Р, Недева, Галабовска и Панчурова од пенал.

ЖФК Тиверија на првата контролка, исто така запиша победа од 1:3 над ЖФК Борец на Градскиот стадион во Велес.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!