ФудбалФудбал - Прва женска лига

ЖФК Скопје со победа на контролката против засилениот ЖФК Љуботен

Женскиот фудбалски клуб Скопје запиша победа на контролниот натпревар над засилениот ЖФК Љуботен со резултат од 2:4.

Во натпревар со фер и коректна игра, ЖФК Скопје го доби натпреварот во второто полувреме со постигнати четири погодоци.

ЖФК Љуботен го отвори резултатот преку новото засилување Сенада Муратовиќ, а Јулија Живиќ од пенал зголеми на 2:0, резултат со кој се замина на полувреме.

ЖФК Љуботен

Во вториот дел од натпреварот кај ЖФК Љуботен шанса добија сите играчи од клупа, како и дел од младинската школа. ЖФК Скопје одигра борбен и одличен натпревар со квалитетно второ полувреме, а преку двата гола на Марина Митревска и по еден гол постигнат од Александра Марковска и Драгана Гегова направи комплетен пресврт на натпреварот и дојде до победа на истиот.

ЖФК Скопје

ЖФК Скопје во пролетната полусезона ќе се бори за шампионската титула, додека ЖФК Љуботен за сигурен опстанок во Првата женска фудбалска лига, бидејќи лигата ја напуштаат дури седум екипи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!