ФудбалФудбал - Прва женска лига

ЖФК Шкендија на контролен натпревар со ЖФК СЦ Истатов

Во недела ЖФК Шкендија ќе го одигра првиот контролен натпревар во подговките за пролетната полусезона против ЖФК СЦ Истатов од Дојран.

Натпреварот ќе се одигра во Тетово со почеток од 14:00 часот.

Двете екипи ја делат седмата позиција на табелата во Првата женска фудбалска лига со по 21 освоен бод.

Во пролетната полусезона и двете екипи имаат единствена цел, да завршат во првите осум и да останат во прволигашкото друштво, бидејќи сите останати ќе испаднат и од следната сезона ќе се натпреваруваат во Втората женска фудбалска лига која за прв пат ќе биде формирана, заедно со новоформираните екипи кои ќе пријават учество.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!