ФудбалФудбал - Прва женска лига

ЖФК Љуботен со трансфер бомба – потпиша со Роналдиња, доаѓа првата бразилка во Македонија!

ЖФК Љуботен од Тетово најави трансфер бомба и големо засилување, откако ја договориле 22 годишната бразилка Ана Беатриз Тарантино која е позната и како Роналдиња, која ќе игра во нападот.

Новото засилување на ЖФК Љуботен во својата кариера има настапувано за екипата на Васко Де Гама, а во Тетово доаѓа од Вордерланд од Австрија. Роналдиња ќе биде првата бразилска фудбалерка која ќе настапува во Првата македонска женска фудбалскал лига.

ЖФК Љуботен полусезоната ја завршина на средината од табелата, односно на десетото место, со пет победи и девет порази, при што успеа да собере 15 бодови. Роналдиња ќе биде големо засилува за ЖФК Љуботен со цел да направи прогрес кон врвот на табелата.

Клубот претходно се засили со Сања Митреска – Сани, која по шест месеци се враќа во Љуботен од екипата на АС Јунајтед од Струга. Сани е доскорешна фудбалска репрезентативка на Македонија У-19 и ќе биде големо засилување во дефанзивната линија за ЖФК Љуботен.

Тетовскиот женски клуб претходно го назначи Небојша Бреѓан за нов спортски директор.

Поврзани Наслови

оментари

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!