ЖФК Љуботен се засили со Србинката Миловановиќ

Женскиот фудбалски клуб Љуботен се засили со Србинката Анѓела Миловановиќ, која ќе биде големо засилување за тетовскиот клуб за пролетната полусезона во Првата женска фудбалска лига.
Доскорешниот „Радов витез“ и член на ЖФК Рад од Белград, Анѓела Миловановиќ, ја препозна амбициозноста на ЖФК Љуботен и го засилува клубот од Тетово.

21-годишната Миловановиќ или во Србија попозната како „AM11“, во својата кариера има настапувано уште и за екипите на ЖФК Херој и ЖФК Слога Земун.
Миловановиќ настапува како универзален играч од средниот ред, со што ЖФК Љуботен добива вистински борец, а воедно и креативец со што средниот ред треба да функционира безпрекорно како во фазата на нападот така и во фазата на одбрана.

Трансферот на Миловановиќ е плод на одличната и успешна работа на спортскиот директор на ЖФК Љуботен, Небојша Бреѓан.