ФудбалФудбал - Прва женска лига

ЖФК Љуботен одбраната ја засили со Камерунката Меитефанг Тагне Хорелиа Сореле

ЖФК Љуботен дефинитивно е најактивен на трансфер пазарот. Клубот од Тетово денес го претстави своето големо засилување, откако го официјализираше трансфереот со камерунската интернационалка Меитефанг Тагне Хорелиа Сореле. Тетовчанки добиваат проверен дефанзивец кој може да ја покрие било која одбранбена позиција и ќе преставува вистинско освежување во дефанзивните линии на ЖФК Љуботен.

Камерунската интернационалка во Македонија пристигнува од Бобручианка, најтрофејниот белоруски женски фудбалски клуб, каде Сореле изминатата сезона беше стандарден првотимец.

Раководстовото на клубот заедно со новиот спортски директор Небојша Бреѓан максимално работат да тимот добие голем квалитет и во пролетниот дел од сезоната најпрво да обезбедат сигурен опстанок во Првата женска фудбалска лига, што е нивна прва амбиција и паралелно да атакуваат на Куп-титулата, што го потврди Драгољуб Јовановски потпретседателот на ЖФК Љуботен во интервју за Спортска Мрежа.

ЖФК Љуботен досега се засили со двете бразилки Ана Беатриз Тарантино – Роналдиња и Таила Фариас, на голманската позиција се засили со репрезентативката Магдалена Лекоска и ја врати Сања Митреска – Сани од АС Јунајтед од Струга.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!