ЖФК Љуботен не се шегува, уште една бразилска репрезентативка пристигнува во Тетово!

Женскиот фудбалски клуб Љуботен не се шегува и продолжува со големи засилувања за пролетниот дел од сезоната, клубот најавува големи амбиции.
За Спортска Мрежа од ЖФК Љуботен потврдија дека е договорено големо засилување, станува збор за 19-годишна бразилка играч на Ботафого и репрезентативка на Бразил до 17 години. Договорот со истата е склучен и започнува од 15 јануари до 31 декември 2021 година.
Претходно ЖФК Љуботен се засили со 22 годишната бразилка Ана Беатриз Тарантино која е позната и како Роналдиња, која ќе игра во нападот. Двете бразилки имаат резервиран лет на 19 јануари и истите треба да пристигнат во Македонија на 21 јануари.
Прехтодно клубот од Тетово донесе репрезентативно засилување и на голманската позиција се засили со Магдалена Лекоска, а ја врати и Сања Митреска – Сани, која по шест месеци се враќа во Љуботен од екипата на АС Јунајтед од Струга.
Тетовскиот женски клуб претходно го назначи Небојша Бреѓан за нов спортски директор.
Еден Коментар