ФудбалФудбал - Прва женска лига

ЖФК Љуботен ја донесе втората Бразилка – Таила Фариас најново засилување

Женскиот фудбалски клуб Љуботен продолжува со големи засилувања, откако претходно беше договорена првата Бразилка Роналдиња, клубот од Тетово ја договори и втората Бразилка. Станува збор за Таила Фариас која во Љуботен пристигна од редовите на Ботафого, трансфер кој есклузивно го најави Спортска Мрежа.

Фариас во својата кариера има играно и за Васко да Гама, а своевремено членка на У-17 репрезентацијата на Бразил. Младата Бразилка важи за една од најперспективните бразилски фудбалерки од средниот ред, со што ЖФК Љуботен добива капитално засилување во средниот ред и за пролетниот дел од сезоната клубот од Тетово ќе атакува за врвот од табелата во ПЖФЛ.

Како што претходно Спортска Мрежа пишуваше и во самото интервју кое го направи Спортска Мрежа со Роналдиња, двете бразилки имаат резервирано лет за 19 јануари и треба да пристигнат во Македонија на 21 јануари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!