ФудбалФудбал - Прва женска лига

ЖФК Љуботен ги промовираше новите засилувања, денес го имаа првиот тренинг во Тетово (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женскиот фудбалски клуб Љуботен кој беше најактивен на трансфер пазарот и направи вистински бум во македонскиот женски фудбал, синоќа и официјално ги промовирани новите засилувања, двете бразилки Ана Беатриз Тарантино – Роналдиња и Таила Фариас, Босанката Сенада Муратовиќ, Србинката Анѓела Миловановиќ, нашата репрезентативна голманка Магдалена Лекоска и Сања Митреска – Сани. За Камерунката Меитефанг Тагне Хорелиа Сореле се чека одобрување на виза по што ќе пристигне во Македонија.

Новите засилувања на првиот тренинг со ЖФК Љуботен

Денес новите засилувања се приклучија кон екипата и го имаа првиот тренинг во Тетово, во рамки на подготовките за пролетната полусезона од Првата македонска фудбалска лига.

Првиот тренинг на странските засилувања со ЖФК Љуботен

Раководстовото на клубот заедно со новиот спортски директор Небојша Бреѓан максимално работеа во изминатиот период тимот да добие голем квалитет и во пролетниот дел од сезоната најпрво да обезбедат сигурен опстанок во Првата женска фудбалска лига, што е нивна прва амбиција и паралелно да атакуваат на Куп-титулата, што го потврди и Драгољуб Јовановски потпретседателот на ЖФК Љуботен во интервју за Спортска Мрежа.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!