ЖФК Каменица Саса и ЖФК Тиверија убедливи, ЖФК Шкендија ја прегази ЖФК Плачковица

Во саботата се одиграа натпреварите од 18. коло од Првата женска фудбалска лига. Најубедливи победи запишаа ЖФК Тиверија и ЖФК Каменица Саса, а дербито во Пржино заврши без победник.
ЖФК Тиверија 9:0 ЖФК Топ Гол
ЖФК Тиверија повторно одигра одличен натпревар и на домашен терен во Струмица со 9:0 убедливо славеше над ЖФК Топ Гол од Битола. Резултатот беше отворен во 7. минута со гол на Велкова Сара за водство од 1:0 за домаќините, а само две минути подоцна Панеска Билјана погоди за 2:0. Веќе во 11. минута со гол на Димоска Теодора зголеми на 3:0. Со втор гол на Велкова Сара домаќинот имаше 4:0, а две минути подоцна Велкова Радица постигна гол за 5:0. Гостите од Битола немаа сили ниту за најмал отпор, па во 25. минута Бошеска Ане донесе 6:0 на полувреме. На стартот од вториот дел ЖФК Тиверија продолжи со убедливата игра, и со гол на нововлезената Јосифова Ива резултатот се зголеми на 7:0. Велкова Сара стигна хет-трик за 8:0. Конечните 9:0 ги постави Михајлова Ања.
ЖФК Каменица Саса 9:0 ЖФК Шкупи
Шампионот ЖФК Каменица Саса сосема очекувано стигна до 16 сезонска победа, откако на домашен терен со убедливи 9:0 славеше над ЖФК Шкупи. Резултат беше отворен со гол на Димитровска Ана која погоди во 13. минута за водство на домаќинот од 1:0. Во 23. минута Андреевска Ленче ја стресе противничката мрежа за 2:0, а само четири минути подоцна Дервиши Рабија зголеми на 3:0. Во 39. минута шампионот зголеми на 4:0 со втор гол на Дервиши. На стартот на второ полувреме Димитровска со втор гол зголеми на 5:0. Домашната екипа немаше милост, а Димитровска стигна и до хет-трик за убедливо водство од 6:0 во 63. минута. Десет минути подоцна Нацева Марјана постигна гол за 7:0. ЖФК Шкупи немаше сили да го запре налетот на шампионот, па преку втор гол на Нацева водството се зголеми на 8:0 во 82. минута. Три минути подоцна Димитровска ги постави конечните 9:0.
ЖФК Скопје 0:0 ЖФК АС Јунајтед
Големото дерби во Пржино меѓу ЖФК Скопје и ЖФК АС Јунајтед заврши без победник и без погодоци.
ЖФК Шкендија 5:0 ЖФК Плачковица
Екипата на ЖФК Шкендија запиша убедлива победа на домашен терен, откако со 5:0 ја декласираше екипата на ЖФК Плачковица. Лимани Икмете беше стрелец на првиот гол во 29. минута за водство од 1:0 за домашната екипа. Три минути подоцна Салихи Афродита ја стресе мрежата на радовишанки за 2:0. Амити Ениса во 41. минута погоди за 3:0 на полуреме. Во вториот дел тетовските фудбалерки ја продолжија одличната игра, па во 73. минута со втор гол Салихи ја искина мрежата за 4:0. Седум минути подоцна Мустафа Хава ги постави конечните 5:0. Натпреварот го судеше искусниот Исмаили Музафер, а му помагаа Абази Имран и Рамадани Енес.
ЖФК Љуботен 1:0 ЖФК Речица
ЖФК Љуботен на домашен терен запиша минимална победа од 1:0 над ЖФК Речица и продолжува во борбата за опстанок во прволигашкото друштво. Стрелец на едиствениот погодок кој падна во 55. минута беше Белистојаноска Марија.
ЖФК Атлетико 1:2 ЖФК Борец
ЖФК Борец преку два погодоци на Босилкова запиша голема и значајна победа над ЖФК Атлетико среде Битола од 1:2. Велешките фудбалерки први дојдоа до водство со гол на Босилкова Ангелина која погоди во 23. минута. Пет минути подоцна гостинската екипа зголеми на 0:2 со втор гол на Босилкова. Во вториот дел ЖФК Атлетико се обидуваше брзо да израмни и да фати приклучок за поделба на бодовите. Во 73. минута нововлезената Велјановска Кристина ги постави конечните 1:2.
Колото ќе биде комлетирано во четврток кога ќе биде одиграт натпреварот дебито меѓу ЖФК Деспина и ЖФК СЦ Истатов во Прилеп. Натпреварот е од големо значење и за двете екипи. Прилепската екипа се бори за шампиоснка титула, додека ЖФК СЦ Истатов се бори за сигурен опстанок во прволигашкото друштво. Натпреварот ќе започне во 15:00 часот.
ЖФК Каменица Саса е лидер на табелата со 48 бодови, а четири помалку има ЖФК Тиверија која е втора. Борбата за опстанок и понатаму неизвесна.