ФудбалФудбал - Прва женска лига
ЖФК Деспина запиша победа на тестот со ЖФК Скопје

ЖФК Деспина од Прилеп денес го одигра првиот контролен натпревар и запиша минимална победа од 1:0 над ЖФК Скопје.
Стрелец на единствениот погодок на натпреварот кој се одигра во Прилеп беше Анастасиа Илиевска.
Борбен и интересен контролен натпревар, во кој и двете екипи одиграа одлично и имаа неколку шанси за гол.
На контролката шанса за игра добија сите фудбалерки, а екипата на Деспина настапи во следниот состав: Верица Колевска, Даниела Велеска, Емилија Стоиловска, Симона Тасева, Сара Евтинџиоска, Елена Бошкоска, Кате Милеска, Јана Чубриноска, Сара Петреска, Јована Ѓорѓиоска Блажеска и Ангела Стојкоска.
Следен контролен натпревар за ЖФК Деспина ќе биде против ЖФК Љуботен на 10. февруари во Прилеп.