ЖФК Деспина Прилеп го прегази „фенерџијата“ ЖФК Кочани, ЖФК Топ Гол до голем бод во дуелот со ЖФК Скопје

Викендот се одиграа натпревари од 17. коло од Првата женска фудбалска лига.
ЖФК Шкупи на домашен терен запиша пораз од ЖФК Атлетико од 1:2 во дербито одиграно во Бутел. Косовската интернационалка Вехапи Рита во 24. минута погоди за водство на домаќинот од 1:0. Десет минути подоцна Павловска Јована постигна гол за израмнување. Во вториот дел до самиот финиш имаше неизвесност со шанси за погодоци и на двете страни. Во 85. минута Илиевска Изабела постигна гол вреден три бодови за екипата на ЖФК Атлетико. Дуелот го судеше Рајчевска Ангела, а помагаше Ивановска Татјана и искусниот Исмаили Музафер.
Актуелниот шампион ЖФК Каменица Саса на гостувањето во Дојран дојде до победа од 2:3 над домаќинот ЖФК СЦ Истатов. Николовска Павлинка во 13. минута го отвори резултатот за водство на гостите, а три минути подоцна Пауновиќ Деспина погоди за 1:1. Само една минута беше потребно за шампионот да го врати водството со гол на Димитровска Ана. Во 24. минута Дервиши Рабија постигна гол за водство од 1:3, резултат со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел мрежите мируваа до самиот финиш, кога во 89. минута Петрушевска Кристина постигна гол за конечни 2:3.
ЖФК Тиверија забележа убедлива победа од 0:3 над ЖФК Борец на Градскиот стадион во Велес. Во првиот дел мрежите мируваа и на двете страни. На стартот на вториот дел ЖФК Тиверија со гол на Димоска Теодора дојде до водство од 0:1. Неизвеност на самиот натпревар имаше до 87. минута, кога Панеска Билјана со два гола во самиот финиш ја потврди големата победа за струмичките фудбалерки од 0:3.

ЖФК Деспина Прилеп немаше милост кон „фенерџијата“ ЖФК Кочани и со убедливи 0:9 го декласираше на гостински терен. Стојковска Ангела во првите 20. минута игра направи хет-трик за убедливо водство од 0:3 за екипата од Прилеп. Во 25. минута Евтинџиоска Сара погоди за 0:4. Во 36. минута Стојковска со четврт гол донесе водство од убедливи 0:5 на полувреме. Во вториот дел продолжи „бамбардирањето“ кон мрежата на Кочани. Повторно Стојковска со петтиот гол го зголеми водството на 0:6, капитенката Милевска Катерина во 67. минута зголеми на 0:7. Во 72. минута Ѓорѓиоска Блажеска Јована постигна гол за 0:8, а конечните 0:9 ги постави Стојковска со шестиот гол на средбата.
ЖФК Шкендија запиша голема победа од 1:3 на гостувањето кај ЖФК Речица. Првиот гол беше постигнат во 22. минута за водство на тетовската екипа, а стрелец беше Шерифи Енџи. Домашната екипа преку Николовска Анастасија во 30. минута израмни на 1:1. Само две минути подоцна Шакири Брикена ја погоди противничката мрежа за ново водство на ЖФК Шкендија од 1:2, резултат со кој се замина и на полувреме. Во вториот дел ЖФК Речица се обидуваше да постигна гол за израмнување и враќање во игра за трите бодови, но гостите од тетово мудро го чуваа резултатот, а Салихи Афродита во судиското продолжение постигна гол за конечни 1:3.
ЖФК АС Јунајтед на домашен терен го збриша засилениот и амбициозен ЖФК Љуботен со високи 3:0. Домашната екипа дојде водство уште во 4. минута од средбата со гол на Максути Улза. Во 27. минута Максути со втор гол донесе водство од 2:0. Пет минути подоцна Села Веса постигна гол за конечни 3:0.
Фаворитот ЖФК Скопје се „лизна“ во Битола и ремизираше со екипата на ЖФК Топ Гол играјќи 4:4. Резултатот на средбата одиграна на „Павел Шатев“ беше отворен во 16. минута со гол на Јанковска Теодора. Пет минути подоцна Ристова Стефанија донесе израмнување. Во 30. минута Головска Миа ја погоди противничката мрежа за водство на ЖФК Скопје од 1:2. Осум минути подоцна Марковска Александра постигна гол и зголеми на 1:3. Домашната екипа брзо намали на 2:3 со гол на босанската интернационалнка Миќановиќ Вукица постигнат го 43. минута. Во вториот дел ЖФК Скопје со втор гол на Головска зголеми на 2:4. Битолчанки брзо намалија на 2:3, со нов гол на Миќановиќ. Во 67. минута конечните 4:4 ги постави Најдовска Стела. За ЖФК Топ Гол ова е голема бод во борбата за опстанок во прволигашкото друштво.
Лидер на табелата е ЖФК Каменица Саса со 45 бодови, четири помалку има ЖФК Тиверија, додека на третото место е ЖФК Деспина Прилеп. На четвртото место на табелата е ЖФК АС Јунајтед со 37 бодови, а на петтото место е ЖФК Скопје со 35 бодови.